граѓа (ж.)

На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чекаат. Има таква граѓа, рекол настариот. Колку што сакате има.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И рибите во водата честит царе, да се камен, и птиците во седелата, примерно и орлите и сениците, не ќе можеме. Граѓа се нема.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мансардата тонеше во морињата од ветришта во долгите денови без сонце и ја зачкрипуваше секоја своја коска, ги растресуваше старите правливи напласти од своите греди, подвиените столбови и дрвената граѓа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бев во тоа... го користев тоа. Ја употребив таа граѓа. Ја продадов.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Без граѓа нема приказна, а и усните сведоштва се добри за секоја приказна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе мора да употреби повеќе дрвена граѓа отколку што беше предвидено во спецификацијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И неговите пријатели, кои го сочинуваат неговиот свет, исто така се луѓе како него, водоводџии, малтерџии, молери, дрводелци, електричари, мајстори за покриви на куќи, и луѓе што го снабдуваа со тули, цемент, вар, песок, дробен камен, тер-хартија, железарија и дрвена граѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Што, што! Зар само твоите. Моите донесоа граѓа, а ако не ми беа браќата за да ја изѕидаат, уште ќе бевме во старана колиба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)