грозје ср.
грозјебрање ср.

грозје (ср.)

Како риба во глобина. Како орелъ во вишина Како овца съ рȣдо ѧгне, Како лоза съ бело грозье.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
Јас те пратив на лозје, Калино! ти на лозје одиш, бело грозје береш, на ергени даваш, мори Калино!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ми плачат децата. Лозјето е за нив радост: грозје, грозјебрање, благо вино...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Садила мома крај море лозје, ем го садила, ем го плакала: „Ој, лозје, лозје, со бело грозје, јазе те садам, кој ќе те бере...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Та се житце не зелени та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Василка им дава на децата по полна рака бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Крвта има вкус на превриено грозје и полна е со трепетливи ѕвезди.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ристе веќе донесе и мезе. He како кај Лесната: само сирење и јајца, ами извади, пезевенкот, и разни шарени шеќери, суво грозје, леблебија, смокви, та дури и еден пјат сторени пиперки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Суо грозје, смокви земи некоа низалка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ни сокот од портокали, ни сувото грозје, ни скапоцените јадења готвени од најдобрите готвачки, ни турските, дури ни виенските еќими не можеа да ѝ помогнат на момата, да се поправи и да го измени своето мртовечко бледило од лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе измислам една иднина и ќе се смирам, мислеше. Ќе побарам некоја Марија за една вечер, дури и ако не никне на врбите грозје.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ти ќе ги редиш овие работи, кога врбата ќе роди грозје! Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Грозјето бргу зрее. Стигнува и грозјеберењето. Во муграта темни сѐ уште силуетите на грозјеберачите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А каде ви растат јаболката, крушите, грозјето? На терасата?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од лозницата во дворот донесе грозје.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Малку црногалесто е, токо и грозјето е црно, ама е слатко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе