гулаб (м.)

Кој ни ги скрши белите крилца крилца на галаби бели?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Орач в замав ќе посее ниви, - бело цутје ќе закити гранки, ќе загукат голабите сиви, - ќе оживат долови и странки.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Цртај цвеќиња. Ете, нацртај ми гулаб, и јас ќе ти ја дадам Снежана и седумте џуџуња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пролет, негде и во душата: сиви гулаби се слевуваат од небото, црвена бубалка на дланка, бакарен сјај на црковните прозорци, празнично заскрнување на камбаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Селиците не се вратија, домородните птици се изгубија, луѓето не беа научени на гулаби и не ги бараа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не, тој така ја држеше раката и мижеше со едното око зашто така му изгледаше дека гулабите летаат пред неговата рака а тој ги турка напред.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Тој се колнеше дека мајка му е гулабица, а кога го сплеткавме пцуеше исто како овој.“ „Но тој проповедаше дека Господ ќе ги претвори сите луѓе во нешто - смешно, не можам да се сетам сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другиот гулаб збунето кружеше над местото каде се одигра случката а потоа се изгуби осамен кон запад.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Овој Исус ноќе `рзнува и ги прогони соседите. Затоа и не е Исус од мајка гулабица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Слободниот гулаб уште правеше обиди да му помогне на својот другар но попусто.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На плоштадот, меѓу сините гулаби, лежеа накострешени стаорци и ги мереа со крвави очи минувачите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Среќата е гулаб, ќе падне на рамото, слатко ќе гука, па ќе му текне - ќе летне, - рече безгрижно Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На високиот врв од една голема и висока бука, стоеше горски гулаб и гукаше: - Гугу-гу-гугу! Гугу-гу-гугу! Високо на небото леташе, се вишеше и чуруликаше чучулигата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И се печеле гулаби диви во Алжир и во Мароко.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ѝ препорачуваше да пие крв од гулаб, од желка, чај од велебилје, од жалфија, од чемерика.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Штета... Седнете, отпетлајте ги елечињата на градите: ќе ви испукаат гулабиците внатре затворени...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лисицата се прави пиле да не ги уплаши кокошките. (Вади жив гулаб од под пелерината.) Што ќе кажеш ти на таа работа Панта.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ГУЛАБИ Јатото гулаби наеднаш пркна од дворот сини диви исплашени не од истрел ни извик детски ни закана.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повеќе