дабов (прид.)

Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага", и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тогаш се сети на стариот сув дабов трупец.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бавно се извлече од леглото. Го спотна огнот. Стави врз него дебел дабов трупец, да држи жар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со прво ќе го погалат кучето по вратот и потоа, наеднаш, ќе го фрлат. Како дабова пењушка. Колку е големо човечкото лицемерие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А тоа, отстоувањето на Имотот, во градежна смисла, сè до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Овдека, пак, на почетокот на источниот лак, кој се издига над Алилово, кој е свртен навнатре и кој се вика Зајачки Рид, гледано однадвор, пак од север, од североисток или од северозапад, над пазена дабова шума од неколку декари, се издига едно од памтивек исушено дрво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаења; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го приткријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд, наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, со повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зад третата дабова шумичка отаде непуштените бачила, живеат горноселаните и докажуваат: гаврановата превецерна песна на Бадник е песна на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Убаво изгледаш“, ми вели задоволна и ме поведува кон следната одаја, во која се влегува низ ниска, но дебела дабова врата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Најпосле едниот камен удри во едно дабово стебло и се распарчи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Уште еднаш страотно рикна бикот, им го замрзна здивот на касапите, замавна со главата и го откорна дабовиот столб за кој беше врзан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бучеше долот силно, надојден од планиниве, се врштеа во Рајчани, вжештените стрели одгоре упатени, пламени, како огнени вретена, па удираа по околната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи