даб (м.)

Да, така дрвар лесно сече в гора гранка здрава од дабот толку силен, стар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Под секира дабот, што бури победувал, така смртно под рани се веде, а потоа паѓа од моќната дрварска рака, ама - врз дрварот беден... " Албанецот тоа го раскажа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Врви Богдан Шишев од Витолишча за на пазар во Прилеп, а Стале од под дабот му нарачува: — Пак, земи Боше, печес везаници кромид, лук, некоа ока киселина, шеќер, пипер, шајки, резиња, риби, маслинки...
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да и го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И почнуваше: како од пред една година скоро секоја ноќ му се јавувал на сон свети Илија, го носел во Мелница во нивата на Сталета Петков и го обесувал надолу со главата на големиот даб и му велел: „Ете тука до дабов сакам мекан да ми подигаеш да не одам да се потуркам од немила — до недрага", и го плашел оти душата ќе му ја извади ако не го стори тоа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Пред тоа сѐ беше како и што треба да биде во еден обичен зимски ден со сиво небо, полна мешина обесено над густите дабови, бессилни да го стресат од себе жолтиот покрив на восочните лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нејзините лилави, влажни зеници гледаат во есенските бои на далечните дабови, но веќе ништо не забележуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Источниот крај на прилепската нахија е одвоена област со засебни планински граници, обрастени со големи борови и дабови гори, која се вика Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Четврто распаќе: Ти, над сите дабови вечен, над сите мориња безбрежие, над сите распаќа распаќе По твоето корито Мојата судбина тече Носи ме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Полесно беше да откорнеш столетен даб од гората, отколку да најдеш работа и да го извадиш парчето леб.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Под селцето растат големи столетни дабови, а над селцето се протега голема букова гора.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден пролетен ден, кога снеговите се стопија, кога големите дабови под Мацково се раззеленија и Караорман ја облече својата зелена облека, со многу други селани, тргна да оди на печалба во Белград и татко му на Трајчета Тане.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Славејчето пееше, ќосот свиркаше, кукавицата ја вртеше својата опашка и од високиот даб се разнесуваше нејзиното: „Куку-куку! Куку-куку!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стариот добродушен даб беше навреден до срце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Оди си! - смуртено му рече таа. - Не си ми пријател штом го навредуваш стариот даб!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само стариот даб се така го чувствуваше теретот на годините и беше тажен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи