давател м.

давател (м.)

Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таа е трајна деловна соработка, односно континуирано трговско сродство помеѓу продавачот т.е. давателот на франшизата (франшизерот) и купувачот т.е. примателот / носителот на франшизата (франшизистот) – кадешто целокупното знаење, имиџот, производствените и пазарните техники на продавачот на франшизата се достапни за користење на купувачот на франшизата, во замена за определен процент од остварената продажба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој се одделува од давателот како стрелата од лакот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И така овие османскотурски заемки, колку и да биле туѓи и многубројни во балканските јазици, доколку се вклопеле во граматичката структура на примателот, престануваат да живеат како зборови на давателот и почнуваат да живеат како зборови на примателот и како такви се покоруваат на сите граматички правила на тој јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Освен пред надлежниот суд, заштитата на правата од работен однос вработените во јавните претпријатија со статус на даватели на јавни услуги можат да ги остварат и пред надлежен орган во јавното претпријатие.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во однос на материјалната одговорност се предвиде дека вработените со статус на даватели на јавни услуги кои на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност ќе предизвикаат 107 Согласно чл. 37-с од ЗЈП, дисцпилнската неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина, работните задачи, угледот на јавното претпријатие или на вработениот, додека пак дисциплинскиот престап се дефинира како потешка повреда на службената должност, работната дисциплина, угледот на јавното претпријатие или угледот на вработениот во јавното претпријатие. 109 штета на јавното претпријатие, ќе одговараат за настанатата штета и ќе бидат должни да ја надоместат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вработениот со статус на давател на јавна услуга против кој се поведува оваа постапка може да одговара за дисциплинска неуредност и дисциплински престап (чл. 25 од ЗИДЗЈП/фев.14).107 Директорот на јавното претпријатие врз основа на предлогот на дисциплинската комисија, донесува одлука за изрекување на дисциплинска мерка, односно за отфрлање на предлогот, односно за запирање на постапката (чл. 37-ќ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)