даде (св.)

И како прва буква аз, дадена од Бога на словенското племе за да се отворат устите на децата при учењето на разумот преку буквите, тоа се произнесува со широко отворање на устата, а другите букви се произнесуваат со послабо отворање на устата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
За Гегата рајата трпеза полна ќе даде; рајата има, се гледа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
За тажење, досега нигде неслушнато, Неда најпрво знакот го даде; И расплете коси, над мртвото затажи чедо. ..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Дајте ми го, да видам! Запрете со зборов, гледајте си на својот грев!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А што пеит? Кого славит, Издихајќи с тежок стон? И за што он срце давит? Да разбудит нас от сон.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Беше дошло клето време данок да сја дават.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Здравје нека ни даде Господ и сѐ ќе биде“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан ги слушал тие зборови од жената си и срцето му се корнеше, од жал што му идеше; арно ама канонот, што бил даден треќата вечер, требало да го трга.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така куртулија од вас да имаме, од вашиве маки што ни ги давате."
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
133. Константин Порфирогенит (905-959) е византиски цар и автор на повеќе историски списи, меѓу кои и „За управувањето на Царството”, каде што дава многу податоци и за доселувањето и животот на Словените на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СЛУГАТА: Не се подбивам. Јас заминувам… Дај ми прошка и ти давам прошка.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Јас клетва сум дал да се борам за слободата на татковината!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
СИМКА: Риза сум дала, Костадине!... КОСТАДИН: Ако си дала риза, срце уште не си дала!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Оди, нека ти го даде Симка големиот тефтер. (Стојче истрчува, а Јордан го прибира ковчежето).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чедо давам, Божано! Треба да знам, што живот го чека.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК