далјан м.

далјан (м.)

Тоа сигурно ќе фати место, ќе ги исплаши и сами ќе си дојдат овде како рибине во колцине од даљанон.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неа, Трајана Дамческа, мајка му на Ѓорета, зашто беше висока како далјан, и зашто навистина беше комитка, уште од пред востанието во Крушово 1903-та, никогаш уште оттогаш не го симна чифтето од рамена, сама управуваше со момците, со аргатите и со сиот имот на Дамчевци Џаџовци, жителите на Потковицата, и на сите околни села така ја викаа, Комитка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето тогаш извишиле бетонски далјан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- За нас е доцна, - се огласи Воскресија, - го чекам Коља од далјаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Подготвувани речиси деценија за големиот херојски пат на обновата кон океанот, овој далјан проклето ги запираше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Почнав со посетата на онаа нива во Далјани, во која дамна, седнат во топлата свежо изорана бразда што се испаруваше, гледав како волците слегуваат по сртот на планината, темни четинари спроти пролетната проѕирност, гледав како две чавки ја опчекориле, гладни, нашата ровка земја, и како волците стигнуваат зад стапалата на татка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сегде, па и на главното џаде за Струга кое беше исто врз мост, од кој подолу имаше стотина далјани за риба, и таму секој што влегува или излегува од градот плаќаше пазарна такса или десеток на риба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)