движење ср.

движење (ср.)

Орган на тоа сепаратистичко движење на Македонците во Бугарија беше списанието „Лоза”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
122. Георги Баласчев (1869-1936) од Охрид е историчар и публицист, познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на ММКД, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за „лозарското” движење „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци…” (Софија, 1890).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
17. Како претседател на Тајниот македонско-одрински кружок во Петербург (натаму: ТМОК), па со тоа и во ТМОРО, Мисирков не е и не можел да биде против револуцијата како метод (впрочем, тој и самиот смета дека резултатите можеле да се постигнат и „со вешти, мали народни движења“!), но категорички се изјаснува против Востанието во тој момент, како поради очевидниот неуспешен крај, со сите народни страдања, така и особено поради реалните опасности за распарчување и заграбување на Македонија од соседите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: Е, тогаш и кумството е — свршена работа: в недела на крштавање „Кажи, куме, име“. (Му покажува со движење како ќе го носи и држи на раце бебето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПАНКО: (Нешто поитар од Теодос, со очила и со дебел бастун, доаѓа крстејќи се со широки движења.) Господе Исусе Христе! Чув, не верував, гледам пак не верувам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
До Хегел развитокот се сфаќаше само како просто квалитативно или квантитативно растење или смалување, движењето како просторно преместуваше под влијание на надворешна „сила“, човечкиот ум како механичка копија и како механичко дејство или на „материјата“ или на идеите, “a priori” секоја ствар, секоја категорија само тоа што е, само рамна себеси и ништо повеќе.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Самото спротивставување, борбата и слевањето на овие спротивни тенденции го создава движењето на категориите на „светскиот разум“, го обусловува „немирот“ и „саморазвивањето на апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Мојата прва тешка физичка работа ми ги загреваше дланките но копав и го следев движењето на мојот постар другар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На темната пружина вечерва не мирува едно движење.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Има по нашите села и такви старчиња: побелени веќе а младолики - румени, чисти, проѕирни, со меки движења, како освен `рбетот во нив да нема ни една коска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од невидливиот челик, со секое движење на човекот, крцкаше четвртото ребро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не разбирам, говореше. Од секое мое движење, докторе, искршените ребра се обидуваа да се откачат од мене и пак ништо, пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Најспокојно размислував во движење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тонам во магла и имам забавени движења.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така згрчен, ги ослушнуваше шумовите и итро, со ледениот сјај на тркалезното око, го следеше несигурното движење на непознатиот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Направи движење да се повлече, но... Што има?... - праша пак таа повелнички, неотповикливо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе