дига несв.
дигалка ж.

дига (несв.)

Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и притоа се надевам оти за Македонците ваквиот јазик ќе биде попријатен и позвучен од јазикот на нашите соседи, со кои ние сега-засега се дигаме наголемо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
После Македонија потпадна под Византија и во текот на неколку века во разни нејзини делови се дигаа востанија против покорителката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дигаат востание уште не готови!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И од ним - самовилите една по една идеа - од гроб до гроб го дигаа јунак до јунак - на оро.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
5. Ти да знаеш, паметуваш и ем да си на ум имаш - работник си - и работник ти ќе паѓаш и се дигаш.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кажете, браќа, кажете, кажете - па поминете - мене ме ништо не дига, мојата смрт е - карасмрт!“
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
с. Ореово, Битолско Во Преспанско сонце зајде И мрак темен покров фрли, a од мракот шум се дига смрт лоша уста зина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некои паѓаат од коњите, други ги дигаат и сами пијани, но благодарејќи на убавото суво и топло време, немаше опасност ни од кал ни од простуда.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Над тромавата свест завесата сѐ повеќе се дигаше и го разголуваше настанот со ножот, со ленената кошула, со ударот, со човекот, на чиј гроб лежеше тешка плоча на дваесетте продувани години.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се ведне и го дига изнаказениот Тони и полека, отфрлајќи се со подолгата нга, чекори по влажниот тротоар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А штом некој ќе се обиде да ги покори, тие се дигаат со оружје в раце и спречуваат секакво исполнување на царските закони во тој крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја дигаше главата и од висина го шеташе погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ракавите на пижамата се дигаат нагоре. Мон диеу, мон диеу!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бргу ги стори сите работи, што требаше да се сторат пред започнувањето на еден работен ден, а потем влезе како фурија во вратата на просторната работилница, дигајќи виулици пилотина од своите чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш, еден по еден, тие пак настануваа како месечари и си ги зафаќаа своите места на прозорците, сите со по еден грч што ги правеше голи, стегаше од под очите и им ги дигаше тие делови од лицето нагоре, нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од таму сега се дигаше темен чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК