дидактички прид.

дидактички (прид.)

„Давењето по броеви“ своите поаѓалишта секако ги има во народните преданија и во симболиката на пејсажните игри и правила, Миметичките и дидактички својства на ликовите и односите што ги донесе квартетот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ ја отвораат вратата кон алегоричниот ужас на земските закони и појавниот свет. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„ Ова бил вообичаен начин на казнување во царска Кина“, рече О'Брајан дидактички како обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)