дипломат (м.)

Но најинтересен е г. Станчев, едно, како приватно лице, друго, како дипломат и, трето, како дипломат на најважното за Бугарија од сите дипломатски места.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие се знаат со дипломати, професори, редактори и издатели на весници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
25. Симеон Радев /1879-1967/ од Ресен е еден од истакнатите македонски журналисти до 1903 год., а потоа виден бугарски публицист, историограф и дипломат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седнат на златниот престол во најсвечена облека, со голем турбан на главата украсен со најскапоцени дијаманти, во долга свилена долама, со златно извезени пантовки на нозете, седеше старец од шеесетина години достоинствено и гордо ги примаше пријавените од Великиот везир странски дипломати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дипломат ли е тој или таен советник на кадијата? Сѐ едно што е.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Весниците соопштуваат: „Малите дипломати со авиони патуваат.“ Дипломатите војните ги забрануваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Имено, Маша Русланова сошила фустан кај што шиела и жената на некој странски дипломат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Токму за ова жири го препорачав и беше примен Луан Старова во кого што открив дипломат ерудит, кој го владее совршено нашиот јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Истакнатите дипломати избираат дело, пишуваат рецензија, гласаат за најдоброто дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прави сјајна кариера на дипломат од највисок ранг и доверба на својата земја и во мене предизвикува извесно задоволство и гордост дека сум го познавал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сеќавам во федералното министерство за надворешни работи постоеше една постојана тркалезна маса на која стари дипломати пред тие што требаше да заминат во нови мисии речиси со татковска грижа настојуваа да им ги откријат сите тајни до детали на односната земја или на дипломатијата воопшто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сретнував постари дипломати од ваков сој, и на подготовките во ССИП во Белград, и во земјите во кои служев во Тунис, Франција, Португалија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многу дипломати, особено вработените во министерството за надворешни работи, оваа средба ја сметаа како многу значајна во нивната кариера!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Јас одам не затоа што самиот го побарав тоа, туку затоа што некои мои пријатели – дипломати од Британија и Франција инсистирале кај овдешните служби да ми издадат излезни визи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Дипломат? – одраз на зачуденост во неговиот глас, а во очите сомнеж. - Така пишува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакаш Грк лекар, правник, адвокат, професор, историчар, востаник, бранител, дипломат, барај го меѓу Власите. Немој да го бараш меѓу Грците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Американските дипломатски претставници, аташеа и дипломати биле тие што ги собирале информациите од земјите во кои се наоѓале, преку официјални бизнис-контакти или повремено преку тајни состаноци.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на тоа каква била американската разузнавачка служба, американскиот дипломат Роберт Марфи, во годините пред војната, истакнал: „мора да се признае дека нашата разузнавачка служба во 1940 година беше примитивна и некорисна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
10 За САД, македонското прашање влегувало во рамките на т.н. балканизам. 11 Појавата на ВМРО и Врховниот македонски комитет во голем дел не го привлекла вниманието на дипломатите на САД, бидејќи само неколку службеници работеле на Балканот и тајната природа на движењето останало надвор од очите на Американците, кои биле фокусирани на економските работи, пред сѐ во пристаништата на Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нежните жени на дипломатите се згрозуваа од таквата бруталност.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК