дискурс м.

дискурс (м.)

Описот кој не содржи критичко размислување за позицијата од која тој се артикулира не може да има други принципи освен интересот придружен со неанализираниот однос што истражувачот го има со тој објект. (Bourdieu, 1988, стр. 15) Отворената, нејасна, привремена и променлива природа на светот преку овие вистинитосни дискурси, се преведува во затворена, одредена, непроменлива и постојана.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Корнел смета дека иако МекКинон „површно го отфрла сонот за симетрија, кој нас нѐ одмерува според машката норма,“ таа сепак“ не може а да не западне во оној мошне стар сон, имајќи ги предвид границите на нејзиниот сопствен теоретски дискурс, кој нужно се откажува од жената како женственост, бидејќи таа може да „гледа“ единствено од маскулинистичка перспектива“(151).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се обидувам да изработам нова „критика на расудувачката моќ” која дозволува, како што Кант веќе се обидел, разбирање на компосибилноста на естетскиот дискурс или естетската продукција и нпр. биологијата, биолошката наука.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Поетот остана сосема рамнодушен кон идејата дека медиумот на писмото би можел да му овозможи на текстот темелна автономија, со тоа што ја израмнува општата разлика помеѓу дословниот и фиктивниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од друга страна, таа разлика претпоставува дека филозофскиот дискурс е сосема нелитерарен, дека е слободен од метафори и реторика, и дека сето реторично и метафорично во него е пропаѓање и незгода.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За разлика од нашиот, специфично философски „ресентиман“, Енценсбергер е многу потолерантен кон Ќосиќевата литерарна промоција на епскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се разбира, еден вид коментар, е твојата идеја или твојот став кон извесна тема или проблем, но се работи за различен дискурс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Би било интересно да се размислува за овие нешта во термините на Витгеншатјновиот дискурс на јазикот, антропологијата, и сфаќањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Три сосема различни дискурси за проблеми кои се прилично вжештени токму кај нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но тој никогаш како таков го нема обземено, во толкава мерка како денес, светскиот хоризонт на најразличните истражувања и најразнородните дискурси во поглед на нивната намера, нивниот метод, нивната идеологија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали сепак гледаш можност некако одоздола да се изгради нов дискурс?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знаете, Желките не си го губат времето во глупави дискурси.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Единствената вистинска придобивка во овој случај се состои, по мое мислење, во повторната егземплификација на сознанието дека не е можно да се мислат и репрезентираат тнр. национални вредности во културата по пат на уметничка или интелектуална продукција, а да не се падне назад во националистичкиот дискурс во културата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само да се понудат модели на дискурси, да се прекогнираат правците на прскањето на стаклото на нашите лаги?!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Писателот на текстот веќе не е сезнаечкиот автор, оној којшто има директен пристап до вистината, туку место за средба на различни јазици/дискурси, искуства...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По ревноста за апсолутно искрен израз, по подготвеноста да плаќа со лично страдање и ризикување на животот, Бренер го воскреснува и го воздигнува садомазохистичкиот комплекс на руската интелигенција во опозиција на омразената власт, комплекс кој е вродена желба „за страдање” и во кој политичкиот дискурс не посредува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Иронијата беше во тоа што тоа се случуваше низ фокусот на еден гинеколошки инструмент, низ еден научен поглед кој му припаѓа на медицинскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Идната цивилизација веќе нема да ја структурира дискурсот туку дијалогот - односно веќе не „прогресот“ туку взаемноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во тоа што буквите претставуваат знакови за изговорени звуци, значи дискурс, туѓинците т.е. бројките претставуваат идеограми за мноштво.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе