добар прид.

добар (прид.)

и што бех на христиани добро учинила, и кој зло ми чинеше ја не му се љутех и трпех сѐ што ми чинеха лошо, и некои што беха у жалби и неволи — и јас плачех и жалех со них барабар, или некого от греховни работи отвратих, или си задржих јазик от клетви и л’жи и от праздни зборови, — сите мои добри работи видох ги како днеска учинени и се зарадувах.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
121. Најубедлив пример за тоа беа добар дел од членовите на МНЛД што имаа или српско или пак и српско и бугарско образование и воспитание: Мисирков, Чуповски, Константинович, Русуленчич, Петковски, Антонович, Ничота, Мишајков, Дедов, Џолевски, Николовски и др.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Добрите односи помеѓу Грците и нас Македонците /Словените/ пак повеќе зависат од првите отколку од нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак за добро идење и за радост да ви идеме во куќава!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Демек Анѓеле денеска јолџија ни е? Ај, со здравје да си оди. Господ некој касмет поголем да му наврти, да си спечали повеќе пари. Пак, за добро идење да ви идеме и за радост.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Здрами си, Коте!... Пак за добро идење и за радост да ми идете. (Пие и му го подава пагурчето на Колета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сал не скоривај јадови! на стари, добри мајстори!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ако жена не донесов ѓул-трендафил во одаја верна, добра млада љуба - не ме к'лни, не ме жали; во борбата другарката с'лнце сјае, с'лнце трепти!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Со народот да си добар, тоа ќе ти остане. Да му појдеш на радост, да ти дојде...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Добри луѓе не се сакале... (се ракува). Добре си дошла...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се рекол зборот: „Добрите круши свињите ги јадат“!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Женски глас се смее: Ајде ... ајде ... добра ноќ ... утре пак ќе се видиме ... Машки глас (тажно): Добра ноќ.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
И покрај мојата добра волја не можам да те пуштам на работа. Мал си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но каде е доброто? Тешко можев да го најдам одговорот на прашањето и да го испредам ова вретено.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Добро утро, Стоане, товари ли дрва? — го поздрави Крсте, иако беше ред Стојан да поздрави.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК