добредојде ср.
добредојден прид.

добредојде (ср.)

Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Им подаде на братучедите рака за добредојде и рече: - Јас сум ви најроднина овде во селово.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Добредојде, Толе, добредојде, пашо! Откаде на моата куќа волкава чест? — се поздрави Трајко со Толета, му ја стисна цврсто раката и Толе ја осети целата негова сила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нарипаа четниците од Толета и Андона, дојде и Толе со Андона и Ќосото и почна да се чуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добредојде, добредојде. Ајде, збирајте се: колку повеќе — толку поарно. Кога ќе тргнеме, да сме поголем калабалак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На масата еден работник ручаше и ме понуди со чаша пиво, за добредојде.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кметот и учителот им посакаа добредојде и ги поведоа кон училиштето за да ги одделат од луѓето што се натискаа околу нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Седнуваат и игуменот им пожелува добредојде и им искажува радост што пречекува вакви високи и ценети гости, овде, во светиов манастир и ги праша со што да ги почести: вино или ракија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Обајцата се насмевнувавме во студеникавата темница, Мама и јас, кога чувме како се отвора предната врата препознавајќи го, изговараме тивко добредојде, а вратата долу се затвора...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Авионите го носат до привременото „добредојде” на земјите што нема да ги разгледа, каде што има време само да работи во некој музеј, во соработка со сопругата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога завршија сите гранични и царински формалности, заедно со лицата кои нѐ пречекаа близу граничната линија за првото добредојде, нѐ воведоа во една посебна просторија во граничната зграда, за средби со странски делегации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По испиените први голтки кафе, станува директорот на театарот од Тирана и ни се обраќа со зборовите: - Драги гости, браќа, имам чест да ве поздравам и да ви изразам добредојде во нашата земја, токму во времето на прославата на стогодишнината на великанот Сталин!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ни пријде келнерот со две чашки гроздова ракија. - Чести куќата за добредојде! – рече срдечно келнерот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Убави моми, со раскошни носии, со мозаични бои, со погача и сол, ги пречекуваа гостите и им пожелуваа добредојде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А вака беше, оти не беше инаку, од моја уста кажано, со моја рака пишано: откако се поклонивме ние пред Филозофот и тој пред нас, логотетот рече: „Добредојде, Филозофе“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми ја отвори вратата (беше облечена во евтини источногермански фармерки и кошула; внатре беше и сестра ѝ, Светлана); „Добредојде во циркусот“, рече на лош англиски.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Летка му посака добредојде разиграно вклопувајќи го својот задник во неговиот скут.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ни елегиски дистих за неа, ни добра мисла, ни слатко за добредојде.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
За сефте и добредојде, ме однесоа кај некои непознати луѓе (сега многу блиски пријатели).
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Повеќе