доживее св.

доживее (св.)

А точно за тоа ние донесовме решение — ти да ја земеш, за да доживее уште еден шамар.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Доживев и јас бескрајна радост, срцето мое песна да пее, за овој празник - нашата младост ко силно солнце што во нас грее!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во дружбата останаа уште почитатели што ќе го викаат Фантома и ќе остануваат зачудени со неговата силна способност да доживува љубов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— „Не, не. Нема Бино да доживее триумф над мојата несреќа, што е и негова! Само тој се продаде!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постарите си прикажуваа за тоа што го знаеја и што го доживеале.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Судеше, кога беше вон од сѐ и над сѐ, некому што личеше на него и што доживуваше или доживеал малку порано нешто што требаше тој да го доживее. Внимаваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знаеше и не се бореше да за не сонува ли или повторно доживува или сега за прв пат влегува во оној настан што можеби еднаш го дожевеал само како мисла, како колебливост, како туѓ настан, што расне во ассоцијации на сетилата-од линија или звук или мирис, или се заедно, и стои како недогледен пламенен столб збуцан во темнината. Како вжарен нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во таа илјада деветстотини четириесет и осма светот доживуваше чудно лето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Онаква каква живеела, одамна, во антиката, каква ја замислил големиот Грилпарцер, каква сакаат сите да ја видат и доживеат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срамот што ова утро го доживеа до толку повеќе му тежеше, бидејќи со неискажлива самоувереност и радост тргна да ја види Викторија на Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поблиска и поразбирлива ѝ ја правеа и воодушевеноста на публиката, нејзиниот успех и сето убаво, што вечерва го доживеа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зар човек вака жално треба да ги доживее остатоците на својата гордост?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се смееше на сето она, што го доживеа минатата ноќ и оваа утрина, а смеата сѐ уште продолжуваше да извира од него во палави клучеви и не сакаше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не верувам дека би можел некогаш да доживеам такво нешто: ме зграбија десетина раце во мракот и ме фрлаа од еден во друг агол.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас тоа навистина го доживеав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таа ноќ и стариот, заборавен вагон доживеа мала среќа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бојан секогаш на ист начин ги доживуваше приказните за Волчарот, во своите мисли тој го градеше неговиот бестрашен, кралимарковски лик и секогаш бараше одново да му се раскажува за него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За еден ден поминат в планина, размислуваше Бојан, за една недела, за едно лето можеше толку многу да се доживее, толку многу да се почувствува, а камо ли, пак, за седумдесет и повеќе години.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе