домаќин (прид.)

Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По година две, деца ќе дојдат. Тие уште повеќе ќе го врзат за семејството… И ете ти домаќин човек! Да, не погрешив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната „Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ги запираше домаќинот, Стојо Батанџијата, ама тие рекоа дека агата е уморен од патот и нејќат да му додеваат вечерва, та од утре натаму имаат време, ќе поседат и повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Домаќини луѓе да се влечат по срезот, не го чинат кабул сето што ќе го продадат да е печалба, не само 40—50 проценти колку тие што печалат на продадената ракија, шеќер и друг бакаллак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Однадвор пак се чу силно чукање. - Пеки, пеки!45) Сега идам, ефенди! - викаше домаќинот и со брзи чекори слегуваше по скалите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Е, чорбаџи Главче? Вие старите не, младите не. Ами кој нападна, бре ќерата, некни? Ајде, кажуј да не кршам коските на староси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите келнери се началници. Сите се гости. И домаќините се гости со гостите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа ни го покажаа домаќините кај оранжериите близу до Амстердам. Сѐ е индустријализирано, сѐ е електрифицирано, сѐ е електронизирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Домаќинот ја разбра нашата желба. Веднаш нѐ воведе во кујната, ни изнесе разновидна риба, оставајќи нѐ сами да избираме, што сакаме за ручек. Се разбира - печена, на скара!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ете што значи куќа со домаќин. Домаќинот е и сонце и сенка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Гостинската одаја, околу веќе добро разгорениот пампур се распоредуваше челадијата и домаќинот почнуваше да им ги кине главите на врапците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не брзајќи да посигне по понуденото, а плашејќи се дека ќе го навреди домаќинот ако го откаже сосема, Софроние направи благ и неодреден поклон нанапред спрема филџанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Домаќините ни даваат вечера, што се вели, ама не со обете раце. Јадете, вели жената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Домаќинот се исправи од триножецот. Главата му беше голема, рацете му беа големи, сѐ на него беше големо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потем доаѓаше уште една скаредност под маска, како симбол и посакување плодност; гатачот бара од домаќинот да ја надомести штетата за смртта на бабарот со овие зборови: „Ќе дајте една кора сланина, една бела погача ќе дајте една стара пара, наша млада да ви поскокнит, да му поскокни коњот на домаќинот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Кога доаѓаш во туѓа куќа спиеш и јадеш во онаа одаја што ќе ти ја покаже домаќинот“, рече некој трет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе