доминира св. и несв.

доминира (св. и несв.)

Во смешаноста на мелодиите, во бркотницата од распеани звуци, доминираше нешто одобрувачко, што ги истиснуваше мрачнините во душата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се гордеат со Храдчани, кои доминираат во овој милионски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Будимпешта остава многу силен впечаток со зачуваноста на старото и токму тоа е она, што ја одделува од другите европски урбанизирани средини, во кои доминираат бетонот, железото, правата линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде најмногу фрапира формата во која доминира кривата линија и елипсовидната форма.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Воопшто сѐ што беше правено во боја беше сино. Сината боја доминираше на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Доминира хуморот поврзан со нежноста која ни ги опишува козите и тие што ги сакаат. Јас сум еден од нив...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ана Ливиа, полски книжевен критичар Градот во кој се случува дејствието на романот Времето на козите не е голем, но над него доминира Тврдината која го симболизира повеќевековното владеење на многу Империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бидејќи се сметаат за сексуални објекти на општества со кои долго доминираше мажот, се сметаат за одговорни за судбината на мажот поради инцестот и копнежот меѓу членовите на семејството, што за возврат станува извор на сексуалната агресија на мажот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 189
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Формата што доминира на американскиот Запад, и веројатно во целата американска култура, е сеизмичка: раскршена, процепена форма, израсната од пукнатините на Стариот свет, тактилна, кревка, подвижна, површна култура - во која мораат да се следат истите такви правила за да се фати нејзиниот чекор: сеизмичкото лизгање, меките технологии.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„Маргина бр. 36“ (1997)
На двете страни од патот во пејзажот доминираат бункерите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние бевме „интелектуалци“ за нив, оти несомнено е (јас тоа и денес го мислам) дека во рок, и особено во џез-музиката доминира интелектуалниот пристап кон светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Татковите свети книги во неговата библиотека, беа поместени помеѓу книгите за јаничарите и книгите за балканскиот бестијариум, во кој доминираа книгите за јагулите, козите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш порано имам запишано дека и каде што се мноштво и каде што се само неколцина луѓе, се создава ист или сличен тип на односи при што присутни се и љубовта и омразата, и натпреварот, и зависта и настојувањето да се доминира, да се наложи власта од едни над други, присутен е стремежот да се создаде група, толпа, но во исто време и делби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Егзилот го научи дека, токму во услови кога доминира инерцијата на деспотската власт, останува широк простор за раководење според интуицијата, небаре Аријаднин конец на судбината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Доминира циглата, сивите бои и студената атмосфера.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во Њујорк каде што доминираат Ашкеназите, преселници од северните земји на Европа, сега веќе не е жив ниеден од оригиналните, монастирлиски основачи на синагогата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зградите што тој одбира да ги нападне со неговите големи слајд и видео проекции (што тој го нарекува ’интерогативен дизајн’) се обично оние кои доминираат во урбаниот пејзаж, оние кои го контролираат и регулираат протокот на секојдневниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Беше задолжен од таткото на нацијата да го воведе мултипартискиот систем, на начин на кој повторно би доминирала бургибината Дестур партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК