дрнка несв.

дрнка (несв.)

Сте честити сега, ве разбуди ете на штикови ледни дрнкањето остро и громкото ура, и Турчин се смете млад војвода дека командува просто.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Зад нив стои Жења и дрнка со гитарата, како ништо да не ми рекла пред тоа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше петок навечер и некаде свиреше луда музика - флаути со треперливи јазици, пригушени труби што мјаукаа како улични мачки во февруари, грозничаво тргање и дрнкање, том-том, конга, и гонгови сите заеднички биеја со истиот пулс. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 178
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)