дружен прид.

дружен (прид.)

Досега работеше народот со интелигенцијата; задружно, но работењето беше распределено нееднакво: народот се јавуваше исполнувач на плановите на интелигенцијата, кога последнава не правеше ништо повеќе од составување планови или организирање револуционерно движење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И в таја мугра пресна да екне дружна песна на дружните удари - та бијат срца млади и растат силно гради пребликнати со јад!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Армијата наша, народите наши се слеани сите во Твојата сила, Те градиме дружно в Петолетка прва, - Републико моја, мајко, наша мила!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Таму во нејзината длабина светнува дружен плотун.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како по некој договор, сите дружно, козари сосе козите од маалото, се зададоа кон реката, сите во тек со најновите историски настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едниот глас се издигнува трепетливо, а другите здишано, гонејќи го, се придружуваат, се долепуваат и дружно се дополнуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)