дума (несв.)

Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Думал, мислел Силјан, како да прави, дали да им се јави, дали назад да се врати.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ЈОРДАН: Е, стрико Кољо, од многу години сѐ вака те думам. Уште од дете.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
МАРА: (го бакнува). Писма да ми праќаш, срце, понабрзо, мајка да не ми те дума.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Нека пушти прво, после ќе му думаме за тоа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прво да ми дојде детето, тоа ти гледај, а после ќе думаме за свадба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако човек не знае чија е нивата, се чуди и се дума како одат оние снопови сами и сами се прават капици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не знам точно кога го донесе, не думам, ама тогаш многу го карав Ангелета: - Што ќе ни е куче, бре, му велам, кучиња главата да не ти ја јадат!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како не сум паметела, велам, како не сум думала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, дали паметиш, Велико, ми вели Стојна, дали думаш кога ги зашивавме предниците за да не ни се познаваат градите?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како си думаш да ја избистриш, прашува Максим и вели Сите да слушнеме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Софроние, кој одлично го зборуваше турскиот јазик, и покрај силното напрегнување не можеше да ја погори скриената намера на султановото зборување; си думаше Ова не е тоа за кое сум повикан, па стануваше сѐ посомничав.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа си думам, вели, ко ќе почне за празнициве да талка по селава, да му залегнам во некој ендек и да му ја скинам сенката. Друго не ми останува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си бројам така наназад, се думам кога се видовме последно со Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се враќам дома и се думам зошто ми се спишмани детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се думам што ќе правам со детето, а умот никако да ми погоди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КРТОТ: Собрали ми се, набрали, сите селење, кметове, црвено вино пиеја, јагнешко месо јадеа, голема дума думаа, да утепаат еленче, и таа срна кошута!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
10. Набргу и тоа се случи: логотетот думаше три дни и три ноќи и рече: „Пресуров бев во одлуката да му го земам името на Писмородецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се думел, се шестал, поумни од себе прашал и, видел- не видел, на суд отишол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе