евала изв.

евала (изв.)

— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Евала бег, евала! — благодарат селаните околу него и подава секој по некое шише со ракија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Евала, бег, евала. Ти многу ме заборчи мене.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Евала, евала, илјада пати, милион пати евала...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Евала, рече Мурад, направи благ наклон спрема Софронија и пак со рака го покани да седне на одреденото место на килимот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)