евентуален прид.

евентуален (прид.)

55. Мисирков го има предвид и фактот дека, и покрај тогашната силна романска националистичка пропаганда во Македонија, таа не може да претставува реална опасност за Македонците, бидејќи Романија нема никаков граничен допир со Македонија што да ѝ овозможи евентуално проширување на нејзиното владеење и во овој дел од Балканот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од гледна точка на нашите сегашни управувачи, според тоа, единствените вистински опасности лежат во евентуалното отцепување на некоја нова група на способни, несоодветно вработени и жедни за власт луѓе и од појавата на либерализам и скептицизам во нивните сопствени редови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сè што може да знае и умее тој го става во служба на евентуален свој интерес.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како ќе заврши оваа нивна виртуелна и евентуална соработка, новинарски кажано, останува да се види.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имаше извесна здржаност кај авторот во одреден период сакајќи да го избегне евентуалниот шок кај албанските читатели од материјата што дотогаш никој не се беше обидел да ја третира во албанската литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Би сакале уште да спомнеме дека не ја сметаме оваа студија за завршена целина која нема потреба од евентуални подобрувања.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ја немаше заедно да го започнеме утрото, во долгиот пат на кој дотрајаната и амортизирана 23-ка ни помагаше да ги измокриме (или исплукаме) евентуалните каменчиња од бубрезите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подоцна, главно врз основа на ваквите тонски записи, како и врз основа на своите прибелешки и, по потреба, дополнителни телефонски контакти – интервјуерите изработуваа основна т.н. наративна нацрт верзија на интервјуто, која потоа, во електронска форма, му ја испраќаа на уредникот, со цел да се извршат евентуални корекции, исправки или дополнувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас лично немам ништо против евентуална ваша врска. Но, татко ми е многу погоден од сево ова и не вервам дека имате било какви шанси. Зато, најубо да ја заборавиш Томаица. И то е то...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А, евентуалната војна за негово освојување сигурно не би ја добила.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК