ежави несв.

ежави (несв.)

И градите на ова издолжено тело ритмично се шират и се свиваат, и невидлив грч поминува во крвотокот и ладнина ги ежави коските.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се ежави кожата од непријатното претчувство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само од помислата на скелињата косата му се ежавеше и секоја жиличка од неговото тело врескаше: НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа не можеше да го оттурне ни со раката, со која одмавнуваше неколку пати, ежавејќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бррр, и сега дури ми се ежави косава од нејзиниот вресок. Писна и диво замавта со рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
XVIII Северецот и Југот пак почнаа да се бијат над селото; луѓето изнапатени од нивните завери со кои правеа пустош, се ежавеа и ги колнеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го слушаа луѓето писокот на породилките и морници им врвеа по снагата, се ежеавеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Само не знам дали е ова благослов, или протерување како сатаната... Ги гледаа крстовите и се ежавеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК