ем (сврз.)

Ем, тако ми Бога, чедо, тебе може да ти се чини лага, ама мене за вистина, чунки ми е приказано од деда прадеда; чунки во стар век, синко, не лажеа нашите стари како сега што лажат младите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Тепање, ем лошо тепање сум му сторил, рекол Божин, со остенот ногата сум му ја окршил, ама сиот кабает го има Велко, што сеедно се џареше во него и не ми ги тераше воловите арно.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На сон ми е дојдена една црноока. Главата си врзува ем се огледува...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во стриковото градинче, галабо, вишни ем црешни беревме, во уста си ги клававме!... (Во паузата на мелодиското пеење доаѓаат Костадин и Симка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тутуни садиш, тутуни нижеш, тутун таговно у монопол редиш, ме споменуваш и ем си жалиш денови - крепи тешки си редиш — Величко, мори, другачко златна!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
5. Ти да знаеш, паметуваш и ем да си на ум имаш - работник си - и работник ти ќе паѓаш и се дигаш.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ем ламба, ем одајче — без огниште, — ем постелата некако на градска мириса. Море, не само што мириса, ами сосем е по градски.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
„Ногу ујгун ќе ми дојде така“. — Си правеше Доста план: — Ем чупето не си го давам наки од мене да ми трга мака, ем детето ќе ми има токмо сермиа со Стојовите“.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе заситни со кусите нозе, небарем десет години пајвани носел. Ем работи.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш Тефик пак ќе му дојдел и ем ќе го претепал ем пак ќе добиел работник уште за некој ден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мислеше: вака ем работата на Лумана свршена, јас пред луѓето добар и богатството мене поголемо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Најпосле смисли итрина: ем ништо да не биде ем да го предаде Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На Трајчета му беше ем мило, ем некако незгодно.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
16. ЕМ ШУТО, ЕМ ПА БОДЕ - не е зборот за јагнето, ни троа, ами за оној човек што си е роден како човек, но не го признава тоа...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А бабата ќе им одговара: Дејди Турче, Турче, море Итро ем будало, Та лели ме прашаш, Турче, Право ќе ти кажа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден таков лажач тресе лаги големи, големи ем солени - лаги до над колена.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Петре го зеде шејот на левата дланка, со десната го откри на сите четири страни и на неговата дланка врз црната басма, ние децата што бевме тука собран, видовме нешто ем знајно ем дотогаш невидено: беше костенливо сјајно, со крвчиња во сребро на краиштата на трите краци и со сребрено столче на долниот крај да можеш да го пуштиш и легнат и простум да стои.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ем ништо не кажува, ем мисли дека кој знае што кажува и згора на тоа во крескавоста на нејзиниот глас има една таква наметливост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи