епопеја ж.

епопеја (ж.)

Оти, токму од тој ограничен перспективен агол на човековите инстиктивни воени дела, токму од аголот на тие инстиктивно артикулирани настани и ситуации за време на патувањето, низ тие доживувања на јунаците од ова дело, низ резонансите кои ликовите ги рефлектираат без да се свесни за тоа, авторот ќе успее да отслика една цела епопеја на бедотија на Балканските војни...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имаше повеќе мигови кога сакав да го кажам својот дел на вистината за Арафат и Палестина, во чија епопеја бев фрагментарно замешан, но која силно ме означи во животот, во осознавањето на моќта и трагизмот на човековата судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко во својата егзилска епопеја влегуваше во контакт со тишината длабоко во своето битие.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)