еретик м.

еретик (м.)

И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Уште пред смртта, во 1351 година и двајцата биле отфрлени од црквата како еретици и потоа анатемисани...“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А дека Градиште можело и да биде богомилска населба, одредени податоци, и ако од науката неутврдени - поправо не е утврдено точно која била и точно каде била лоцирана односната населба - пружа Виљем Тирски: Напуштајќи го Костур, рицарите на Боуменд нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“ - богомили.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па, сепак, кои биле градишчани, ако морале да бидат уништени од Европејците, и ако односот на ковицата бил таков, дружељубив? Пријатели на Византија?! Еретици?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Религиозно настроените отсекогаш овие поединци ги нарекувале еретици.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уметноста и религијата - дури религијата во онаа гностичко- еретичка смисла - помеѓу 1520 и 1660 сѐ уште не биле раздвоени.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Морам да испратам низ светот безброј еретички текстови коишто сите понижени и навредени ќе ги повикаат на побуна... Долу со насилството!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еретичната мисла ќе остане неказнета, неотповиклива, надвор од нивниот дофат засекогаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во поранешните времиња еретикот се качувал на кладата како еретик, објавувајќи ја својата ерес, занесувајќи се со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еретикот секогаш ќе биде тука, на наша милост и немилост, врескајќи од болка, скршен, достоен за презир - и на крајот сосем покајан, спасен од самиот себе, ќе доползува до нашите нозе по сопствена волја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали, откривајќи ги сиџилите, пишувани на старото, на архаичното арапско писмо, во кои сѐ уште се криеја тајните на хуруфистичките еретици, Татко продолжуваше да верува во задоцнетата светлина на спасот на Балканот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И на птиците - еретици, помислувам, кои слетуваат право во пазувите на жените и во нив заспиваат како во библиско горје.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знаеше Тој дека има и птици - еретици, кои откако ќе долетаа во родниот крај слетуваа право во пазувите на девојките.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од каде таа латентна заблуда тревожното претчувство дека сум само ехо (е-х-о) додека окото ослепува гледајќи во замисленото сонце да речам ли еретички - слободата оти само таа може да те гледа без да трепне право в очи и да те изгори додека ти не сеќаваш ништо друго освен восхит!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Да знаеја ревносните офицери, со речиси циментиран идеологизиран ум, сигурно ќе ме прогласеа не само за голем еретик, малцински изрод, туку и за суптилен непријателски детонатор!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Велеа дека сум станала еретик, предавник на сопственото огниште, селото, земјата од која нашите поколенија вадеа леб.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)