ете (чест.)

Но, ете ја,стои - карпа пред јароста бурна; нејзиниот ум го зацврстиле молитви, кои идат од душата тмурна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На рацете нема да залулам внуче, а ете, каде ме остави, каде?!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но нималку не му помогнаа нозете, ете!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ете јас бев, татко, тој штрк, што си седев на куќа; мајко мори, и ти Недо, знаете кога ги молзевте кравите и ме удри Велко со стапчето, оти си ги милував телињата?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ете јас бев, мајко, што ги зедов, ѝ рекол, ја качи се, бре Смиле, на куќа кај што стоев јас, побарај во сламата, ќе ги најдеш, земи ги вамо да ги видат за да поверуваат“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Зошто, ќе прашате? Европа има интерес да се зачува Турција, ете зошто ќе ѝ дава средства за да се зачува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пронижана, ете младешката снага ја урива долу куршумена гроза.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ете зошто ние, меѓу другото, се признавме за Бугари, т.е. тврдоглавци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ура! Ура!“ Се слуша низ улиците) Ете, борбата започна.. .
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
По година две, деца ќе дојдат. Тие уште повеќе ќе го врзат за семејството… И ете ти домаќин човек! Да, не погрешив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ама, ете и срцево и образов не ми даваат да не дојдам...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зела леген да го измие... Ете, зошто се жени човек, за такви редови!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Си дојдува на себе). Ете, пак жива вода станав...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Пиј па биј, пиј па биј. Ете така правеше Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Тргнал по Кева, се загледува во подот, се наведнува и дигнува мала сламка од метла.) Ете како чистат!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Убави, ама, ете, таму им нашле мана!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Ете така. И многу ќе го поздравиш, и од мене и од мајка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: Така ете! Лоши зборови не! Само убави, благи: вршење, женење... За радост, за веселба, а не такви — будалаштиње!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК