жолчен прид.

жолчен (прид.)

ЛУКОВ: (Лут и жолчен.) Сите ние имаме недозволени слабости.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој го напипува чевелот под креветот и замавнува. Искршеното стакло звучно се распаѓа во ситни парчиња а човекот со мундир пак е таму и на тенките усни забележува жолчна иронија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кметот е ненаситен и жолчен: ќе го мачи, ќе го приклештува додека не успее да дознае сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК