завтаса св.

завтаса (св.)

Што велеше Лазор Ночески: „Ако не каснеш црешна, барај јаболко или оскорушка, ако не го завтасаш и тоа, ти остануваат само шипинки и глогинки.“ Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ги завтаса војниците, ќе им дојде со здивот зад петици, и колку да ги дрпне за ногавици, ќе подзапре, ќе нѐ почека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го позачистат и го јадат. Ама сѐ скришум, оти се под стража. И ако завтасаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нè истерува од нужникот, ни тропа на главата, по плеќите, нè удира кај ќе нè завтаса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК