заглавие ср.

заглавие (ср.)

После нашиот одговор на објавената во вашиот лист статија под заглавие „Шпијунлуци и инквизиције бугарске“ ние така и си мислевме, дека или ќе замочите или ќе го смените тонот на вашите глупости.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во заглавието на „Нова Македонија“ редовно треба да се објавува дното на табелата на нации што најмалку читаат, а тоа се, се знае, Албанија и Македонија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Беренц го одвитка и само што фрли поглед врз заглавието, брзо го врати погледот кон владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Направете грешка на рамнодушје поучете се од заглавјето подистајте ми се оставете ме, преселете се и онака кај и да сте пожелни не сте!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Помеѓу нечитливите податоци, во заглавието на листот, за првпат прочита оти и официелно, тој е Раде Ич, (името на војникот - сигурно беше пренесено од матарката), а под името, беше назначено она што веќе го тормозеше неговото тело; дека станува збор за тежок воен инвалид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)