заглави св.
заглавие ср.

заглави (св.)

Остави сѐ и бегај зашто законите се полни со некакви параграфи заради кои чесниот човек лесно заглавува.'' Сенките пораснаа и се одлепија една од друга.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крокодилот зина и јас брзо му ја заглавив гранката, во челуста, онака, како што го нацртав пред тоа во црнечкото село.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Никако” свика офицерот. „Не сакам да ризикувам да ми заглават камионите..
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едни внесуваат, други изнесуваат. И заглавуваат на разминување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин нѐ острижија. Нѐ стрижат со искрвавени машини, оти машините им заглавуваат од вошки, нѐ мијат некои чесни сестри, нѐ преслекуваат, нѐ преврзуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можеш да пукаш, се усвитила цевката, се топи железото и не го фрла ѓулето. Заглавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заглавен меѓу непцата и здебелениот јазик ќе раснеше во клобурец и ќе задушуваше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие се пикаат во метлата, се лепат, заглавуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакам и ти да заглавуваш, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сетив дека сторив нешто неубаво и во грлото ми заглави горчина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ посилно се чувствува загубата на таа Прага за Европа која не сака да “заглави” во економски или биолошки материјализам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ногата на Дејв изгледаше лошо, болно, но не започна навистина да го боли дури откако следниот удирач, Лојд Уикс, кој работеше кај Дејв во погонот за житарици, ја тапна топката и таа ниско по земјата отиде до фрлачот, со што Дејв заглави на третата база и неговото чудесно лизгање се покажа како бесцелно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Неговиот комерцијален фонт наречен Pilsner почна од налепница на едно француско пиво; логото му се заглави во меморијата зошто изгледаше како „Roman фонтот облечен во црна кожа“. Маргина 36 181
„Маргина бр. 36“ (1997)
Ме праша што стана со Фискултурецот; му реков дека беше казнет поради тоа што претепал ученик, и дека потем заглави и во затвор, затоа што ги беше претепал и својата некогашна жена и нејзиниот сопруг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зимата му стана годишното време во кое заглави, а униформата - облеката во која зарасна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мојот стомак, кој и онака ги имаше присобрано сите вишок масти и килограми на моето тело, небаре невидлив магнет за маснотии му се беше заглавил околу папокот, сега беше скоро двојно поголем од неговата нормална величина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нејзината смеа го заглави сообраќајот, тој ден, таа минута, некаде кај Рамстор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК