заглуши св.

заглуши (св.)

Они се божилак, они се прснати капки од врв на земјата па за облаците врзани. He ќе ги заглушат во мене нивните стапки ветровите кон заборав забрзани.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Но наеднаш земјата се разниша под нас, а потоа и силен пукот нѐ заглуши одненандеж.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За жал, во тој момент мина со голема бучавост некаков мотор, ја заглуши мелодијата, ја наруши тивката вечер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
— На несакање, велам, штурциве ме заглушија, а небоно е втурено со ѕвезди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Располагаме само со некои брдски топчиња, колку да ти ги заглушат ушите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Зар не го слушаш, вели Карољ, ушите ќе ти ги заглуши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако не се помрдна од столот, во умот тој трчаше, брзо трчаше, беше заедно со толпата надвор; викајќи до заглушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пукотот му ги заглуши ушите, го зашемети. Меѓутоа, бикот стоеше. Не паѓаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пукотот му ги заглуши учите, го зашемети.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нив можат да ги предизвикаат само театарски адоранти налик на оние што ги истакнувале вредностите на пиесата на Виктор Иго „Ернани“, што го исвиркале „Галеб“ на Чехов, што со стиснати тупаници му се заканувале на Мерхолд оти им го упропастил Гогољевиот „Ревизор“ или, пак, налик на оние кои извиците „Браво“ од задоволната публика ги заглушиле со силни свирежи упатени кон тенорот Роберто Алања по завршувањето на романсата на Радамес од операта на Верди, „Аида“, изведена во Миланската скала.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)