загорчи св.

загорчи (св.)

По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми загорчи и устата и душата од кининот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја гледа сликата и очите му се навлажнуваат, срцето му се стега, душата му се загорчува и му шири пукнатина во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Какво варварство! Да се земе живо дете, да се сошие во кожа на мртовец - и тоа ќе се задуши во тоа старско детство во кое не треба да прави ништо друго освен по сопствената смрт да загорчува други детства.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сакајќи можеби да го повредат, тие всушност непотребно му го усложнуваа и загорчуваа животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Криво му е сега дека сомнението му ги загорчи најубавите мигови што можеше да ги преживее.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Домаќинките ја обожаваа Кристл, и разбира се караа - врнеа по онаа ороспија Алексис, која ете неколку години после разводот, повторно се појавува за да им го загорчи животот на Карингтонови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Животот воглавно ѝ беше убав; освен кога ѝ го загорчуваа децата на соседите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Доброто велат секогаш кратко трае по интуиција па токму кога помисли дека се решени сите негови проблеми, се случи ненадеен крах кој повторно го загорчи неговиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе сакам со остроумни решенија да им го загорчувам животот на непријателите, пандан на Тито и понтонскиот мост преку Неретва, отколку како великиот Тесла да им ги осветлувам патиштата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)