задоволство ср.

задоволство (ср.)

Ти брзаш,мој сине,да земеш венец од лаври во крајот на блаженства,кај што не се знае болка и време, каде што таму, во рајот, од приказни можеш да сретнеш задоволства толку ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Само војската не е доста, како што не е доста ни задоволството на малцинството од населението.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ти секако не ги гледаш, зашто твоите очи се устремени само кон една жена, твојата мисла е оптоварена со задоволството на првата брачна ноќ…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Затоа, скриено, со лукаво притворство и в очи му се смее, а зад грб нескриено го исмева и го карикира, наоѓајќи во тоа особено задоволство, некаква одмазда за сѐ што трпи од него.) Е, жено, ем бргу, ем полека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во соседниот двор некој гласно се плискаше со вода искажувајќи го своето задоволство со тромаво, длабоко - охо-хо-о!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Кај вати, мори џадио? — ѝ се обрна на Неда со очигледно задоволство.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И си киниса, си дојде дома. Бидејќи никој немаше дома, Доста не можеше да го таи своето задоволство, та и сама почна да потпева некаква грчка песна и дури ја заигра.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Бојана ја стисна Суловата рака во двете свои раце и Суло се најде во Мухамедовиот рај од задоволство.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И се насмевна од задоволство.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И што ќе е тоа, тој замав, тоа запенето задоволство, тоа исчекување: остра светкавица, сребрен блесок на рибји стомак, проѕирен мразулец? Јасно, човеку: нож!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се знаеше дури и дека ова не е одмазда, уште не, туку непознато задоволство, болно задоволство, капки лимон на рана чиј бол е нужен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој и таа на секого му раскажуваа кој го извајал, кога, каде итн. Какво задоволство!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега можеа да се забележат и влакната во неговите ноздри. „Го викаш ли Исус заради оној сектант што го ловевме минатиот месец?“ праша со задоволство. „Заради него“, потврди првиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно им беше: светот се изопачуваше, беснееше од ситост и задоволство.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тесното сопче, со неверојатно црвени ѕидови, браќата ја стискаа блондината во себе и ја штипеа кикотејќи се од задоволство. Таа не се бранеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, нека, сега би трчал со задоволство, би ги клоцал нивните черепи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговото приближување е само сладосно греење во душата, задоволство што ги стопува немирите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зборовите изречени напевно и високо од ѕвонливиот детски глас го исполнуваат со задоволство овој служител на редот и спокојството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК