задоцнет прид.

задоцнет (прид.)

Тој интерес малку е задоцнет, но од тоа сѐ уште не следува дека тој си нема сега место меѓу нас и дека може да ни напакости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Да не сме задоцнети со копањето, докторе? - со сомневање во гласот рече инженер Александар!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тиа ќе а ваќаат стената и оттука ќе нападнат некои задоцнети пазарџии и ќе и пљачкаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земјата ја влажи крик на задоцнета птица легалото што си го бара.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Потоа го трие лицето, долго и упорно, додека однадвор допира бучавата на задоцнети автомобили.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Чкрипавиот од на задоцнетите ноќници повторно се враќа во белината.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од Кукулино пошле по Бели Поклади, веднаш по третиот ден на Рамазан Бајрам, кога по задоцнетиот снег на земјата се собирале мрежести барички.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да го ослушнувам задоцнетиот душевен часовник на своите пациенти и да ја воспоставам изгубената рамнотежа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Татко ми замислено го погледна, па задоцнето му одговараше: – Тешко е да се утврди кога се појавиле првите кози на Балканот, а уште потешко е да се установи дали се автохтони, односно староседелски?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еве ме насилно довлечен на некакво задоцнето верско – идеолошко „покајување” за да ги трпам последиците од моите божем големи гревови, пред сѐ космополитските, надоврзани на семејните, емигрантските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сонот што го сонуваш ти сега, е сон задоцнет. Јас веќе не го сонувам тој сон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали, откривајќи ги сиџилите, пишувани на старото, на архаичното арапско писмо, во кои сѐ уште се криеја тајните на хуруфистичките еретици, Татко продолжуваше да верува во задоцнетата светлина на спасот на Балканот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Всушност, собраното во оваа книга, и самиот наслов на книгата, се резултат на таа нова творечка возбуда и на неа гледам како на задоцнета рожба која својот подостарен родител го прави среќен и возгордеан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не мислам само на проповедта за праведноста, што толку упорно ја повторував; ниту на оние мои неумесни критички осврти што од страна на другарите беа оценувани како задоцнети согледувања, или како преуранети сигнали, туку пред сѐ мислам на она мое непресметано вплеткување во случајот Басотови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Седнаа на една клупа, сенките се нишаа по нив како да беа на гранка, од далечината се отимаше писок на задоцнет воз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ја доживуваше својата мала, задоцнета задгранична катарза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но секакви прашања во врска со тоа се веќе задоцнети и одговорите бесполезни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ќе ја подречам ли во чинот од секој следен ден што прави задоцнет ден?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК