задржува несв.

задржува (несв.)

Мече итро го скри црцалото в пазува и едвај задржувајќи се да не се насмее, се затрча надолу, викајќи: – Кој сака вода, повели!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Застана пред мене со стиснати тупаници како да ќе ме нападне, со мака задржувајќи го солзите што му се нафатија по клепките. Ја стискаше со заби долната усна, очите му светкаа, беа однатре запалени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И таа така му одговараше, но не ја ведеше главата, ами ги задржуваше своите очи во неговите терајќи го тој да ги наведе прв.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бргу, Буче, земи, однеси го дома ,на мајка ти, и побргу донеси му го цедилцето на стрика ти Стевана, си има работа, да не го задржуваме! — и просто му ги дрпна од раце цедилото на Стевана и му то даде на Бучето, кое веќе си ја знае должноста понатака, а тој го продолжи разговорот со Стевана, кој засрамен му го пушти цедилото со сирењето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неколку пати се настрани да падне, но двајцата сејмени што ги определи Суљо да пазат, навреме ја задржуваа едниот од едната, другиот од другата страна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ нешто ја задржува. Срам. Да не ѝ се смеат соседите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја изгасна цигарата задржувајќи го нејзиниот последен чад в грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Високите ѕидови околу бавчата го задржуваат надвор ветерот што постојано дува од езерото. Ништо не се помрднува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само белите усни малку набабреа задржувајќи долго душено кикотење. „Никола“ , викна и се наведна над белиот лик со танко црвено конче на обата краја на устата. „Никола, јас сум, Отец Симеон.“ Шверцерот и веселникот ли?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Значи јас сум непотребна? - Што зборуваш, Ана! - тој ѝ ја задржува раката на своето рамо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа мисла долго не се задржуваше и не водеше до никаков израз на волјата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се задржува горе на последното стапало од дрвените скали.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се потргнуваше постојано пред тоа, дури не се најде во една сосема увисната положба, во која го задржуваа да не падне само една дебела ветка под него и неговиот изврзан појас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето ги познаваше многу добро неговите раце и сега тоа ги лижеше нив, задржувајќи се со јазикот најмногу на неговите нокти, на јаболкцата и на подноктиците, каде што остануваа скриени зрнцата сол во поминатите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го задржуваше на своите прозорци и ѕидови чадот што сакаше да продре внатре, за да им биде попријатно на двете деца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Откако ги стави дрвата под ниската стреа, залепена до јужниот ѕид на колибата, заградена од три страни со штици а отворена од предната страна, Бојан влезе во колибата, задржувајќи се таму десетина минути.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе