законик м.

законик (м.)

Па ајде - сватовите, чекачите, закониците, - излегувај надвор и реди крвчиња по патот, во калта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Денес не недостасуваат такви проблеми, граѓанскиот законик пука по сите шевови, а кривичниот минува низ иста криза како и затворите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
4.  Инаку, во нашиот Кривичен законик (1996) постои и кривичното дело „Злоупотреба на овластување во стопанството“ кое спаѓа во групата на казнени дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи тогаш Татко ќе биде воведен во француското право, генералот Мортје дури ќе му подари неколку книги од областа на правото како Францускиот и Египетскиот граѓански законик, книги на Монтескје и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти ми пишуваше дека со себе во Турција си ги носел закониците и книгите на Монтескје што ти ги дале француските офицери во Поградец пред твоето заминување за Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Продолжи ги овде правните студии, кои веќе ги имаш започнато со француските офицери во Поградец, со твоите француски, египетски, швајцарски граѓански законици, како што ми пишуваше пред да допатуваш во Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)