замеша св.
замешан прид.

замеша (св.)

Знаете ли што мислат тие што се за понатамошно спротивставување? – Едно, имаат надеж за замешување на силите; друго, се надеваат на конференција, и трето, велат дека ако не биде ни едното ни другото, тогаш ќе направат Турција економски да пропадне со долгото одржување голема војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
11. Не еднаш сме спореле оти има разлика помеѓу Крит и Македонија, оти има држави што се заинтересирани за status quo-то и ќе направат сѐ возможно да нема замешување во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бачилата одамна „излегоа" и ќаите се разортачија, замешувајќи ги молзниците и јаловињата во еден булук.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш се замеша Трајанка: - Чичко, ако сакаш да знаеш, тој што е газда не си ги пасе воловите самиот!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се замешаа двете противнички страни и не се знаеше кој беше побесен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А велат, убави земји биле тие; здрав инсан, ќе има што да делат нашите синови што ќе останат живи. – Ех, кој сака да бегува, ќе ги крвави гаќите како ние едно време – им се замеша во разговорот и Фета-бег чиј син пред некој месец се врати од војната сакат во левата рака и десното око.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој му ги покажа од мракот своите сетерски уморни очи и воздивна: „Не ви се потсмевам, а адвентистот, таа потајна омраза свртена кон број 9, се замеша: „Не сфаќам зошто би ни се потсмевал овој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МЕТОДИ: Како што се здоговоривме. Иван и Младичот отрчаа накај пајтонот, а јас се замешав меѓу народот и дотрчав до трупот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ортакот, човек вреден, немаше работа во која да не си ги замеша прстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- се замеша мајка му во разговорот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Чудо дете е нашиот Трајче - се замеша во разговорот Евто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тетка Фора го забележа потсмевот и се замеша, им рече на внучињата: - Во маните на тетина ви да не се огледувате.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- А копањето? - се замеша инженер Александар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша во разговорот. Не се замеша, но просто заповеднички извика: — Доста од обете страни!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се замеша во разговорот. — Ами не даваат ли Челебиите нешчо на тие што умираат кај нив?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така замешај го, размеси го, направи неколку лепчиња. Па остави ги, отскриени, за да се потсушат. Да не можеш многу да изедеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами чисто салце, вели Маса Ќулумоска, и малку шамачна рогузина да се изгори и пепелта да се замеша со салото, ко мевленче да се направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК