запира несв.

запира (несв.)

Ако сретне Ѓупци или сиромав, селанин, носот го затнува, дишењето го запира...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И кога сите минеа покрај врбата стушена - делии се запираа незнаен брат си викаа: „Ја стани, море јабанец на оро со самовили!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Та кога ќе ги додадеш и пустите пари и стока од Антица, како што ти реков: „ништо не го запира да стане и црн ѓавол“!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Третиот едвај да го задржи количето пред самата штица, како коњ кога се запира пред изненадно искрсната пропаст.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ги запираше домаќинот, Стојо Батанџијата, ама тие рекоа дека агата е уморен од патот и нејќат да му додеваат вечерва, та од утре натаму имаат време, ќе поседат и повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но не се запираа луѓето што не ги имаа видено своите огништа четири години и тие што бегаа, та остави оние што трчаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стискајќи ги забите, човекот на сила ги запираше солзите на лутината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Внимателно следеше: златестата пајажина сомотно развлечена по кожата на пробиените гради го менуваше патот на темната нишка и не ја запираше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Несвесно го истегнува фустанот, запира за миг да игра со убавите нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Комшија бре, ах, комшија... - никако не запира да го прегрнува директорот Владо.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А таа не запира: Како ќе се живее?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: Одлично. Ене го и пајтонот. (Се слуша пристигнувањето на пајтонот и неговото запирање пред куќата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Запира. Исчекува. Гледа дека и двајцата го игнорираат. Бесно.) Па, да. Свест. Дисциплина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Токму кога ќе ја достигне вратата да излезе, Луков го запира со зборовите:)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш Арсо го запираше дишењето и, подигнувајќи се на прсти, го следеше истанчениот, сличен на скимтење, глас на Алија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Засолнети зад својата задоволност, тие што си го запираат овде здивот да го чујат секој збор, се оддалечиле толку од своите човечки должности и затоа се можеби благодарни и среќни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бесцелно заскитаниот поглед се запира на сликата во златна бронза.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе