заплет (м.)

Мајсторството на кој се води заплетот, животот на ликовите, таткото, мајката, децата и козарот силно ме привлекоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заплетот, се разбира, требаше да го донесе волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Праволиниското филмско раскажување го врзуваат математички прецизните анегдотски примери, што го нарушува вообичаениот филмски тек и општите места на филмскиот заплет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога го прашал Ворхол дали сака при­казна, заплет, тој му одговорил дека не му е потребен заплет туку инцидент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Продолжува претставата. Сѐ повеќе се чувствувам гле­дач – заложник на повеќекратна претстава, со заплет и епилог кои зависеа од цврсто утврдената шема на прет­ставата, утврдена од специјалните сектори на Партијата, а проверувана и довршена во полициските служби.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Веројатно ја удирала раката додека свртувала еден од оние големи калеидоскопи на кои се „ вообличуваа“ заплетите на романите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаат вкупно шест заплети, но постојано ги извртуваат по малку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не треба да заборавиме дека двигателот на дејството на Мајсторот и Маргарита на Булгаков е анегдотскиот заплет, то ест автоматското, магиско извршување на желбата или наредбата (сеедно) да се „оди по ѓаволите“, поради што се менува временско-просторниот континуум.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Романот „Ервехе” изобилствува од фабуларни заплети низ кои приказната си добива природен тек, бидејќи, овој белетристички колаж од новела, повест, роман, мемоар, дневник, есеистички отклони и драмски акценти всушност претставува модел на посовремено поимање на прозната форма, кој некои меѓу нас ќе се одважат да го крстат и со квалификативот постмодерна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, сигурно, и во своите најпесимистички варијанти, не можел да си претпостави ваков заплет и расплет на балканските историски настани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој заплет е јасен, секоја порака читлива, а секој купен билет гарантира два часа раскошна забава.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
25 но ти не се враќаш само јас се играм и во занес, и во очај зашто ништо нема моќ нема такво време ни таков живот обнова нема близина блага ни блаженство зашто далеку одовде ги нема милите предмети нема реки ни планини нема езера ни миризби и кајшто ги има зашто сѐ е црвен кантарион отсега па натаму лековита но горчлива пресеклива трева, жива лава и сѐ е грешка и нема помирување и другото е друго, трето и сѐ се брои а ти си единствена, неделлива грутка, Младост и мака и мак, и зрнце царевка царска приказна полна пресврти и препознавања делби и разделби неразрешливи заплети - и душата ти е водена низ мрак од незнаење кон знаење, трагично, Аристотеле – зашто некој ја негува уметноста на фугата бегството, селидбата!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од скоро, овој заплет поприма друг расплет.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таков потег, направен навремено, би ми донел мерка притвор во Дом за малолетничка деликвенција, каде што, заради жешкиот заплет, сигурно ќе станев лице на годината, макар и да не стекнам образование.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Следната мисија што ја почнав пред некој месец, е во тек на расправа. Случајот беше тежок заплет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)