заплива св.

заплива (св.)

Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш срнчето скокнуваше како бесно во длабокиот снег и запливуваше по него, сѐ дури не се запреташе на некое место и не папсаше од сите тие свои бесмислени скокови, или додека не се притиснеше до некое стебло, речиси исчезнувајќи пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, тоа секогаш било еден голем, еден негов вистински лов, во кој секогаш знаеше да заплива без двоумење, тој лов на осамените вепри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ножот со седефена дршка се забуца во гнилата маса сред неколку празни чаши, човекот заплива кон него и тој виде младо лице.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Лицето на О'Брајан, неповикано од никаква очигледна асоцијација, му заплива во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од ѕидиштата тогаш истрчаа глувци- стаорци и во ќумиња го зацрнеа патот кон градот, дел стрчаа кон висовите на Калето, дел запливаа во водите на реката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дали она кога ме исмејуваше оти сум трчал како патор пред да заплива по водата во ѓолот, или поради оној настан од подоцна, кога нѐ качи во разурнатата Кула, нас неколкумината пријатели, за да нѐ подучувал божем кои се вистинските знаци на замомчувањето и за да ни објаснел кога и како се случувало тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, мораше да се потпира на нив, но можеше и да се одлепи, па да заплива во новите води на психоанализата (Фројд, Јунг); а особено го радуваше тоа што можеше да се врати на литературата (Достоевски), на драмата (Шекспир), па и на театарот, воопшто сцената, дури и на музиката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога се умори од тоа лудување, се смири на грб замижан од сончевината, од која не го гледаше небото, а потоа, за да не потоне во тоа блаженство, заплива кон длабочината на езерото, сечејќи ги неговите благи бранови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас се симнав долу до водата и гледајќи во синото, ја осетив онаа стара и позната потреба да запливам, да одам кон ширта колку што се може подалеку.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зафатена од пофтежот да запливам, видов како непромислено заодувам во водата и како веќе е фатен дел од фустанот скоро до колковите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК