заповед (ж.)

По тој начин правилото во еврејската реченица стана заповед во грчкиот јазик, којшто се дава на детето!
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Откога се изнајале сите арно убаво од жаби, се дало заповед од Аџијата и сите летнале и се извишиле наугоре дури до облаци.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Васко, Пенчо и јас ги гледавме како им се доближуваат на децата и ги чекавме заповедите на Кузмана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Суло и Злате пијат и спремни се на мигот од мудурот, ќатипот или мулазимот да скокнат и да извршат секаква заповед. Не толку поради убавата ракија и разните мезиња отколку за домаќинката си поседоа гостите и поправија „важни муабети".
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Петре донесе и вода, и по заповед на Кулета, отиде да го удри клепалото, оти дури не удри клепалото, селаните не знаат дали е дојден попот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа тој го напуштил тој „божји рај" — Света Гора, и ете го, си дојде да ја исполни заповедта од „сајбијата" од кладенецот Илинец во Сталевата нива сака да му се направи меќани манастирче и дека ќе му направи многу зло на селото, ако не му помогнат во оваа работа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Кадијата пламна и рипна од столот: – Како? Мојата заповед не се исполни? – тргна и му се приближи на Суља.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само втората заповед не можеше Арслан да ја изврши.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Началникот ја извади големата книга за заповеди и почна да чита: - „За пишување на навредливи и анонимни писма, Управата на военото училиште, ги исклучува јункерите...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Вчера пред сите партизани прочитаа заповед со која ме пофалија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Друже командире, заповедта ја извршивме! - репортира Саво.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога го доби вториот одговор, во очекување на времето да го фрли и последното камче, ја стави ногата во дупката од ровот, што по заповед беше направена да послужи како узенгија во случај на потреба да тргнат во јуриш на непријателот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
14. УБИВАЈ СО ЛАФ, А НЕ СО ПУШКА - тоа ли е тринаесеттата заповед за денес, ги шири некој рацете божем да те гушка, а гледаш: ти го плете надгробниот венец...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Затоа престанаа и се покорија на неговата заповед. — Добро, Толе, добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај неговите заптии и издаде заповед.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таква заповед од него има, шо ќе видиме во неговиот реон да му чиниме абер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Улам на твојот двор со распеани рози, Улам на древниот часовник што покажуваа недојдено време, Улам на оној жесток ветер од кој не потреперуваат ниту гранките ниту лисјата туку коренот в земи, улам на твоето тело што како божја заповед го свртува кон себе сонцето и го крие за да му биде визглавје на плодот во тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но за тоа, за пресудниот бој со нив, со Европејците, тој, Мурад III, веќе издал високославна заповед да се зголемат давачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК