запроси св.

запроси (св.)

- Штета! – Воздивна Дедо Мраз – А да не сум се зарекол, веднаш ќе ја запросев куклана со образи од црвени јаболчиња што ми ги нашандисаа очиве...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- И ќе ме запросите ли? – исцеди куклиното грлце натопено од среќа – О, колку ви благодарам што ќе го сторите тоа и ќе ме понесете со Вас на вашиот далечен југ!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Како второ, ме запросуваш а не си ми купил ни прстен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На сметка на овие недостатоци, сепак балконот нудеше и повеќе од една бенефиција: Како прво: бев сосема уверена дека, ако се одлучам од горе да прочитам некоја песна, ниеден професор по филозофија нема да ме уверува дека сум Сергеј Есенин а тој Исидора, во обид да ме запроси за неполна минута, во малечко гратче, на единствен натпревар за млади поети, со државни спонзорства кои по рекламата необично исчезнуваа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Сестра ми Томаица ја запросил – кој друг ако не – грчкио конзул.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Како финиш на сета пародија, еден скитник ми запроси десет денари. Ох, кутриот човек.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе ти откријам уште нешто: грчкио конзул ме запроси, а татко ми сака да се мажам со него, но јас категорично одбив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој се вљубува во неа, ја запросува, а таа, од благодарност прифаќа да се омажи со него.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)