заразен прид.

заразен (прид.)

Бев болен од заразна болест, радосно објаснив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- „Во оваа куќа има заразна болест“, со уживање изрецитирав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Слободата за која бладаш е литерарна измислица.Таа постои, под контрола, се разбира, само уште во театрите и јавните куќи. Инаку се истребува како заразна болест.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Значи болеста е заразна, вели Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имаш црно под очите, ајде ти в болница за да видиме што е работата, како е, да не е нешто заразно, опасно. Да испитаме, пиленце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Други рекоа: - Ќе нема, доколку чедата не им се заразени со таа зла крв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковниците одеа по кметот и учителот и се загледуваа во оние куќи кои беа обележани со црни знаци - чумини точки останати од времето на војните кога се обележуваа заразените куќи од чума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ би било фино и глатко, да овој човек освен со „тешки” зборови и патетична глума, не се дрзнал да се „ослободи” од својот проблем така што ќе ја прска публиката со својата заразена врела крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нивните медиумски јазици ги заштитуваат од тоа да бидат изложени, заразени или оплодени од други јазици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Би биле изненадени колку многу луѓе се заразени без и да го знаат тоа.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заразениот може да изгледа и да се чувствува потполно здраво, а притоа да може вирусот да го пренесе на друг.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Денес се смета дека околу 5% деца на ХИВ позитивни мајки ќе бидат заразени од вирусот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дали заразените со ХИВ можат да се препознаат?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Владејачките групи секогаш беа до извесна мера заразени од либерални идеи и со задоволство ги оставаа работите недовршени, обрнувајќи внимание само на она што нивните поданици го прават, а не и на она што го мислат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А, и да е точно оти се враќале чедата на јагулите, чуму ни се тие капиталистички јагули, заразени...“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во кутрата Луда Мара се влеваат две фекалии од градската канализација, во неа ѓубре фрлаат неидентификувани лица (Доаѓаат ли од друга планета, па се неидентификувани?) па таа станала грда депонија сред градот, па дури и се заканува со ширење на заразни болести.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поради појавата на заразната болест чума, Австријците го запалиле Скопје (26 и 27 октомври 1689 год).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Избегната тупаница, промашено скалило, возење во погрешна лента; Пеницилински шок, високонапонски кабел, непрецизен кујнски нож; солна, а не алкохолна, врела а не млака. Заразна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ралиците беа заразени од лисни вошки. И некои од флоксите беа мувлосани.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе