застари св.

застари (св.)

Турција ќе вели оти таа сѐ што може да направи ќе направи и направила, а повеќе не можела да направи затоа што комитетите не му даваат на населението да се успокои, а во една земја каде што сѐ е во воена состојба сите добри намери на владата се рушат од спротивставувањето на немирното население; а ако воената состојба се продолжи повеќе од една година, реформите ќе застарат по наша вина и ќе се закопаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Телефонските врски за десет години толку ќе застарат, како што се денес камшиците за коњи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вредноста на информацијата е временски ограничена па поголемиот дел од стекнатата информација едноставно се троши и застарува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Голем дел од политичката литература од последните пет години сега беше целосно застарена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но тие застареа сега, неодамна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има ли злодело што застарува? Има ли некој кој чувствува грижа на совеста?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До следна промена кај оваа материја дојде во август 2008, кога целата оваа одредба едноставно беше избришана!? (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08); •  прв пат се воведоа и одредби за застарување на правото да се даде отказ – имено, отказ поради лични причини на страна на работникот, работодавачот може да даде во рок од три месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од шест месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А само тие знаат колку бргу застаруваат еполетите, како се сушат воздишките и папсуваат погледите, а богами и зошто есента трае до ден-денес
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тоа е задоволство што сексуалната исполнетост не го застарела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)