затропа св.

затропа (св.)

Првите капки на мајскиот, оловно тежок дожд затропаа по покривот на ламаринената фордова каросерија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дедот Петко слезе дури на портата од Илка. Слегувајќи, затропа со ластегарката и од дома дотрча невестата Митра.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Кога на портата се зададоа нунката, Митра и Гуца, — на Доста срцето ѝ затропа силно: — „Како ли ќе си го викам анѓелчето мое?“ — се праша сама и се прави небарем не ја возбудува тоа прашање.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Од другата страна пак некој затропа: - Бам-бам-бам-бам!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сигурен дека кучето не може да излезе надвор, Бошко го фати клепалото на вратничето и затропа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мракот му се лепеше за кожата и тој затропа на првата врата сменувајќи ги тупаниците како чекани. Брзо, со сета сила на својот страв.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некаде во средината затропа дајре и засвире тамбура.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Старецот го виде и црнецот и затропа весело со рацете.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му затропа во раката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Камчето во матарката на Шишмана затропа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи сѐ се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Срцето му затропа силно и рипна на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој момент затропа силно некакво клепало.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Најстариот војник, сигурно беше командир или водач на групата, затропа на портата. Отворив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК