зацрта св.

зацрта (св.)

Не бегајќи од конкретното и секојдневното, а напротив, впуштајќи се смело во искажувањето на она што бездруго треба да се рече, за да му се затре семето, за да не се повтори, Чинго ја зацртува својата социолошка линија антиапологетски, во највисока мера критично, непомирливо, бескомпромисно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тој момент веќе почнаа да се рушат ѕидови, градови, граници, исчезнуваше оној свет што беше зацртан во мојот буквар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но колку што возовите посилно ја нишаат со својот ветер, толку таа посилно ги зацрвстува корењата и посилно се опира за да одолее и опстои.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Описите на настаните, личностите и политичката состојба што тој ги презентира се негови и тие се добиени и зацртани од него без контрола на официјалните грчки власти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Или тоа е зацртано уште кога се правел овој насип?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А додека се трудев да ги одговорам неодговорливите прашања што си ги бев зацртал, почнав многу да им се восхитувам на претходните писатели на темава кои успеале да дадат видливи одговори и убедливи толкувања на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)