зачести св.

зачести (св.)

Токо, ајде, ајде, жени, соберете торбите и дајте му на бацка Стоја нека си покасне, та нека си легне, оти — слушате? — петлите веќе зачестиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова идење се засили и зачести откако попот ја напушти Жиовчевата куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зачестија брзи чекори по калдрмата на дворот и по ходникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За да не се расипе „војничката туршија“, зачестија доста казни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Едно време зачестија предлозите да му се суди на Чанга во отсуство, за предавство на државата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зачестија и одморите и јас, колку и да имав разбирање за уморот, почнав да се јадам и да покажувам нетрпеливост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше првиот автомобил што тоа утро беше ставен во погон во Скопје, но наскоро бучава од експлозии во мотори зачести под густиот смог.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што вооружените судири зачестуваа, почнаа да мобилизираат резервисти.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зачестија и посетите на амбасадорите на Египет, Индија, Индонезија, Алжир...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се афирмира како непогрешлив во операциите, така што повиците за услуги во сложени ситуации од семеен, љубовен, деловен и криминален карактер толку многу зачестија, што тој мораше да ангажира телефонски и интернет посредник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И вчасот некако, да ти кажам, многу ми се допадна. Јас зачестив кај неа. Во седумката. Така, наминував јас како службено лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По краткото затишје астматичните напади кај Томо повторно се зачестија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Биењето на камбаната зачести. - Сега бие на погреб - рече и забрза чекор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)