за (сврз.)

– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ако не веруваш, Силјане, оти човек се прави штрк, еве јас ќе се искапам за да поверуваш".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Од кај ќе знаат овие луѓе, си рекол Силјан сам со себе, по мојот јазик, за да им речам добровечер“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
148. За да се убеди човек во тоа нешто, доста е да ја прегледа историјата на Немањиќевата држава од времето на цар Душана до смртта на Волкашина, особено периодот на распаѓањето на Душановата Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1890 год. се издигна голема трикатна зграда во која од јануари 1891 год. се отвори пропагандната „Богословско-учителска школа”, за да се затвори по половина година.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
105. И „врховистот” бугарскиот полковник Анастас Јанков (?-1906) од с.Загоричани, кога во 1902 год. отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание”, издаде проглас во кој меѓу другото се вели: „Македонци!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Парите оставете ги на фиљан и фиљан место под тој и тој камен за да си ги земеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А после дома ќе пратат абер: „Филан се наоѓа кај нас, пратете сто, или двесте наполеони — тука веќе колку ќе им коптиса душата — за да ви го ослободиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во тој момент одзади наближи една мала селска кола, која што подзапра кај раскрсницата, за да заврти по другиот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Напред одеше Беличот, а Мече послушно потрчкуваше по него за да не заостане.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Скришум, кога го полнеше чанчето со вода, за да му го подаде на првиот бригадирец под насипот, Мече налеа вода и во својата направа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ме мереше со немирните очи и размислуваше, секако, што да ми прави за да ја покаже својата сила пред Ана.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако се бара здравје и напредок за овците, ќе се донесе или овца, или коза, некој стог сено за да се изранат 800те манастирски овци; ако се бара здравје за говедата, ќе се ариза ја само теле; крава или пак и двете заедно; да навали св.Димитрија потешко да се умножат поголема сурија) ако се бара услуга човек, тогаш со што ќе знае свети Димитрија оти тој и тој бара од него некаква заштита, ако не да ги гледа тука, пред него по една две години.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Луман се тргна само за да го потплашат Бошка, како што смисли итрата глава на Дика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некое време тој, кое од лакомост, а уште повеќе за да ги заплаши селаните, порачуваше да му се носи сѐ што ќе му паднеше наум: пари, волна, сирење, платно, алишта, жито...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман го искористи тоа за да си ја сврши работата по која беше дојден кај Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи